Социјалните мрежи повторно во потера, овојпат по таксист кој извршил кражба од една трафика во Скопје. Според објавата, се работи за трафиката кај „Симпо“ во населбата Карпош.
Како што се гледа на видеото, таксистот застанува пред продавницата и зема еден од пакетите лименки пиво наредени надвор до влезот на продавница. Потоа посегнува во џебот, па кога сфаќа дека никој не внимава на него, го враќа паричникот во џебот и се упатува кон возилото. Таму експресно го става пакетот на асфалтот под автомобилот, за да го скрие од видното поле на продавачот, не сфаќајќи дека пакетите впрочем се наредени таму токму и затоа што ги снима камера…