Утре (среда, 01 октомври) во 20:00 часот во кино Милениум е закажана премиера на најновиот македонски филм „Деца на сонцето“, во режија на Антонио Митриќески.
Во филмот играат плејада одлични актерски имиња Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневска, Емир Хаџихафизбеговиќ, Милица Стојанова.
По премирата филмот ќе се најде на редовниот репертоар на кино Милениум во термините од 20.00 и 22.00 часот.
ДЕЦА НА СОНЦЕТО
Режија: Антонио Митриќески
Улоги:Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневска, Емир Хаџихафизбеговиќ, Милица Стојанова
Времетраење: ‘90
Жанр: Комедија / Драма / Фамилијарен
Приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела – двајца млади љубовници. Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството…