Статик Селекта, моментно најактуелниот светски хип-хоп диџеј и продуцент, како дел од својата “Lucky 7″ турнеја, доаѓа во Скопје.
Продуцентот на хит синглот на Еминем „Detroit vs. Everybody” , на кој се појавуваат уште Big Sean, Dej Loaf, Royce da 5`9, Trick Trick и Danny Brown ќе го одржи хип-хоп настанот на годината во Недела, во Клуб Central Park.
„Скопје се подготвува за хип хоп настапот на годината? Тоа ми се допаѓа.Ќе биде жешко!”, вели Статик Селекта, моментно најактуелниот хип-хоп диџеј и продуцент во светот.
Музичкиот пат му започнува под влијание на Dj Premier и Dj Funkmaster Flex. Во 2006 година ја основа сопствената „Showoff продуцентска куќа, чиј прв објавен сингл е “Out the Gate” на Termanology. Своетопрво LP – “Spell my name right” го промовира во 2007 година, а второто насловено како “Stick 2 the Script” само две години подоцна. Во моментов е на турнеја на која го промовира последното од него, „Lucky 7”, а Скопје ќе биде едно од среќните места каде Селекта, екслузивно, ќе ги врти неговите плочи.
Тричасовниот ДЈ сет на годината, како што веќе го нарекоа љубителите на хип-хоп културата, е закажан за Недела (21 јуни). Место – Клуб Central Park. Картите по цена од 150 денари, ќе можат да се купат на билетарата на клубот пред почетокот на настанот, кој е закажан за точно на полноќ. Скопскиот терен во Клуб Central Park заСтатик ќе го подготви Dj Shorty P aka Pancho со свој warm-up сет.