Скопје доби “нова” Кинотека

kinotekaСкопје со нова киносала, видеотека и
специјализирана книжарница за филмови, книги и списанија за филм, како и постојана поставка за историјата на филмот во светот и македонската
кинематографија.


kinoteka Скопје со нова киносала, видеотека и специјализирана книжарница за филмови, книги и списанија за филм, постојана поставка за историјата на филмот во светот и македонската кинематографија, специјализираната библиотека за филмолошка литература, изложбена галерија… Ова е дел од новиот објект на Кинотека на РМ, која доби нови простории во библиотеката "Другарче".
 
"По триесет години номадски живот и преселби сега добивме трајно и добро решение за Кинотеката на Македонија. Ги добиваме сите можности да прерасне во културен центар во кој ќе се презентира уметноста", рече директорот Борис Ноневски, на вчерашната прес-конференција, на која беа промовирани новите простории.  Во киносалата редовно ќе се прикажуваат филмови од домашната продукција и светската класика. Ќе можат, исто така, да се приредуваат солистички и камерни концерти, театарски претстави, разни презентации, предавања… Капацитетот е 140 седишта. Книжарницата и видеотеката ќе работат со популарни цени.
 
Прочитајте и:  Извонреден перформанс на македонското кабаре „Gold Felicia“ Скопје на отворањето на „Gold Slot Club“
Свеченото отворање ќе се случи в петок, каде ќе се доделат и наградите "Златен објектив" за придонес во македонската кинематографија.
 
 
- Реклама -