Откако се најдовме на блогот на оваа девојка, еве го пак нашето Скопје, во уште еден блог. Додека девојката беше воодушевена од гостопримството и покажа разбирлива критичност за целиот проект „Скопје 2014″, ова група на Српски туристи немаат влакна на јазикот. Целата посета им е убаво раскажана, и еве како тие го доживеале Скопје – оригиналниот текст во целост можете да го прочитате тука.
„ Проектот „Скопје 2014 ” беше целта на нашето патување, зошто тоа мора да се види за да се поверува. Оваа туристичка атракција која е толку бесмислена, е презабавна.”
„Стигнавме во Скопје, а десно од ливадава ни е хостелот”
„На бизарноста и немаше крај, иако го видовме „Мостот на уметност”, кој преку Вардар влегува директно во зграда.”