Скопјани преку интернет ќе даваат предлози за велопатеките и за Водно

Скопјани кои имаат забелешки за велосипедските патеки во Скопје, нивниот недостиг низ населбите, оштетеност или нефункционалност, имаат можност да остават свое мислење, коментари и сугестии на градската власт од дома преку интернет-страница наменета за состојбата со велопатеките во метрополата, пишува Дневник.

скопје-на-велосипед-11
Фото Телеграф

Овие интернет-страници преку кои Град Скопје ќе комуницира со граѓаните се креирани во рамките на европскиот проект ФУПОЛ (Future police modeling). Kако што објаснуваат од Градот, ова е начин за подобрување на директната комуникација меѓу властите и граѓаните и додаваат дека на овој начин граѓаните им помагаат да станат подобри како локална власт. Со овие алатки побрзо ќе им излезат во пресрет во врска со разни барања и полесно ќе ги решаваат проблемите.

Повеќе на темата прочитајте ТУКА.

- Реклама -