Скопјанец се обидел да прокриумчари мигранти преку Табановце

44-годишно лице од Скопје се сомничи дека е вклучено во мрежа за криумчарење на мигранти преку Македонија кон другите држави.

Овој случај е потврден од страна на МВР и објавен во дневниот билтен:

На 16.11.2017 година во 22,15 часот на Граничен премин -Табановце, на излез од Р.Македонја од страна на полициски службеници приведени се турските државјани Г.Б.(36) и две малолетни лица на возраст од 9 и 11 години, кои на пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи. Истите на граничниот премин пристигнале со возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.С.(44) од Скопје. За Г.С. постои основано сомнение дека вршел криумчарење на мигранти и истиот заедно со Г.Б. се приведени. Со потврда за привремено одземени предмети од Г.Б. се одземени три македонски патни исправи, а од Г.С. возилото, сообраќајна дозвола, клуч за стартување и 900 евра во апоени од 200 евра и 50 евра.

Прочитајте и:  Холандија побара да ја напушти заедничката регулатива на ЕУ за азил
- Реклама -