Скопјанец ги затворил во подрум крадците кои сакале да го ограбат

Двајца скопјани ги фатиле и ги киднапирале двајцата крадци кои го ограбиле домот на А.Т. (31), се наведува во дневниот билтен на МВР.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т. (31) и С.Т. (34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 11. јули годинава околу 22 часот на улицата Прохор Пчински во Скопје, првопријавениот од слобода лишил две деца поради претходно извршена кражба во неговиот дом. Ги фатил двете малолетни деца од Скопје и насилно ги однел во подрумот од неговата куќа на улицата Пере Тошев, каде бил и второпријавениот. Тие заедно физички ги нападнале децата. Едното успеало да избега веднаш, а другото го пуштиле за кратко време.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa
- Реклама -