Скок со салто наназад преку формула во движење (видео)

stunt

Каскадерот Дамиен Волтерс скокна преку Формула Е во движење и направи салто наназад. Ова е поимпресивно од каскадерски потези што ги гледате во филмовите, затоа што овде нема жици, јажиња и специјални ефекти – само олд скул тренинг и деликатно перфектен тајминг.

Има и други што скокнале преку автомобили во движење со голема брзина, но ова е прв подвиг во кој скокачот е свртен со грбот и не може да го види автомобилот што се приближува.

За тоа колку е сериозен подвигов, доволно зборува што на него работеа Волтерс и плус уште 30 членови на Формула Е тимот, експериментирајќи заедно за да го погодат совршениот момент. Со помош на штоперка која му беше видлива на Волтерс, тој можеше (малку полесно) да одреди кога да скокне за да ја избегне формулата што му се доближуваше со точно 60 милји на час (96.5 км/ч).

Не е доволно возбудливо? Тогаш еве и од перспектива на возачот:

Формула Е уште работи на тоа да привлече повеќе публика и да постигне поголема популарност, па веројатно и затоа работи на вакви каскадерски експерименти. За среќа, каскадерскиве експерименти се стварно кул.

- Реклама -