Шкода го најави почетокот на тестовите за новата генерација Octavia. Моделот бил забележан за време на патни испитувања во Чешка.
Претходно беше соопштено дека Шкода ја ќе покаже новата генерација Октавија до крајот на годината, но официјалната премиера на автомобилот ќе се одржи во рамките на салонот во Женева, на почетокот на март 2013 година
Продажбата на новата Octavia во Европа ќе стартуваат во летото следната година. Новата генерација на Škoda Octavia ќе порасне во димензиите. Компанијата одлучи да го позиционира моделот како возило од висока класа, за разлика од неговиот претходник, а на тој начин нема да му конкурира на новиот Rapid.
Претседателот на раководството на Шкода, Винфрид Воланд, смета дека генерално Octavia и покрај измените ќе продолжи со успешниот настап на пазарите ширум светот. „Продаваме 450.000 автомобили Octavia годишно. Ова е одличен модел и немаме причини сериозно да го промениме“, истакнува Воланд.
Објавено во соработка со Авто Плус.