Подолго време кружат шпекулации дека новиот iPhone 5S ќе има досега неупотребена технологија која ќе ги чита отпечатоците од вашиот прст за отклучување на смартфонот.
iPhone 5S се очекува да биде официјално претставен на 10-ти септември и оваа опција е се пореална.
Според Минг Чи-Ко, аналитичарот на Apple, овој додаток конечно ќе биде дел од новиот iPhone 5S. Главното физичко копче под екранот ќе биде изработено од сафир, материјал кој е многу цврст, не се гребе и е отпорен на прашина.
Скенерот не претставува некоја значајна промена во технолошка смисла, ниту пак ќе додаде на функционалноста на смартфонот, туку е едноставно искористен за придобивање на фановите на iPhone и ќе биде мала маркетиншка предност во однос на Android и Windows Phone 8.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk