Скелет од диносаурус продаден за 4,7 милиони евра на аукција во Париз


Скелетот на 20,5 метри долгиот апатосаурус наречен „Vulcain“ (Вулкен) е продаден на аукција во Париз за 4,7 милиони евра, што го прави еден од најскапите скелети на диносауруси во Франција, соопштија аукциските куќи Collin du Bocage и Barbarossa.

Рекордот во оваа објалс и натаму го држи скелетот на диносаурусот наречен „Big John“, кој во 2021 година во Париз беше продаден за шест милиони евра

Вредноста на „Vulcain“, составен од повеќе од 80 отсто од оригиналните коски, пред продажбата се проценуваше на меѓу три и пет милиони евра. Во продажната цена од 4,7 милиони е вклучен ДДВ и надоместокот на аукциската куќа.

Новиот сопственик, француски колекционер, има намера да го позајми скелетот на музеј или научна институција.

Пазарот на фосили цути, како што го отсликува 150 милиони години стариот скелет на тираносаурус рекс, кој во јули оваа година во Њујорк беше продаден за 45 милиони долари.

- Реклама -