Убава фризура, прекрасен фустан и уште попрекрасни чевли. Но, стојте! Па тие и се два броја поголеми.
Тазе свршената актерка Скарлет Јохансон деновиве го промовира новиот филм „Don Jon“. За премиерата во Њујорк, 28-годишната актерка направила огромна грешка. На фотоапаратите не успеаја да им „избегаат“ големите чевли што ги обула Скарлет. Изгледа смешно во нив и и го засенуваат целиот изглед.