Скарлет и Ромаин станаа родители на бебе девојче, на кое му го дале името Роуз.
Скарлет Јохансон и нејзиниот вереник Ромаин Дауриак станале родители на малата Роуз.
Потпаролите на Скарлет рекле дека и мајката и бебето се одлично, но ги замолуваат на приватност бидејќи новите родители не сакаат нивната ќерка да порасне под будното око на јавнсота.
Тие се верија во 2012 година и уште тогаш Скарлет изјавила дека би сакала да основа семејство.
„Би сакала да имам свое семејство, тоа би било одлично!“, рекла во една прилика.
„Велат дека никогаш не е вистинското време, верувам дека тоа е вистина но исто така сметам дека и тоа треба да се планира како и се друго.“
Честитки за новите родители.