На добротворната вечер Champions of Rockaway во Њујорк Скарлет Јохансон се појави со минијатурен светкав прстен на четвртиот прст.Овој гест веднаш стана повод за озборувања дека 29-годишната актерка се венчала тајно, соопштува “OK!”.
На гостите на вечерта им се чинело како Јохансон да се обидувала да го скрие прстенот под огромниот прстен, но сепак таа не успеа да избега од окото на папараците. Веднаш се појави и информација дека холивудската ѕвезда се венчала со својот сакан – францускиот новинар Ромен Дориак.
Засега ниту Скарлет ниту нејзините блиски не ја коментираат оваа информација. Актерката се опорави многу брзо од раѓањето на нејзината ќерка Роуз.