Скарлет Јохансон не знае дека е секси

 Една од најубавите жени во светот не знае зошто многумина ја сметаат за секс бомба.

Прекрасната актерка во последното интевју се пожали дека не разбира зошто постојано и тоа со години, се наоѓа на листата на најсексипилните жени во светот.

„ Не мислам дека сум толку секси за да бидам постојано на тие листи. Себе си се гледам со други очи, но знам дека другите ме доживуваат на друг начин. Свесна сум за својата сензуалност, но не повеќе од тоа“, вели Скарлет.

Актерката се пожалила и дека во една прилија и било поставено едно од најглупавите прашања на таа тема, а се работело за долната облека која ја носи:

„ Се сеќавам дека една новинарка ме праша каква долна облека носам под костимот во филмот „ Тhe Avengers“. Најпрво не изреагирав, односно реков дека мора да почекаат за да видат, а подоцна сфатив дека тоа е едно многу глупаво и непристојно прашање“.

- Реклама -