Скарлет Јохансон ќе дебитира како режисерка

Американската актерка Скарлет Јохансон ќе дебитира зад режисерската палка за адаптацијата на првиот роман на Труман Капоте „Summer Crossing”.

Претставникот на актерката потврди во Кан дека таа ќе ја режира филмската адаптација на романот кој е објавен дури во 2005-та, иако е напишан во 1943-та година.

Романот зборува за 17-година девојка која на патување кон Њујорк во 1945 година, се заљубува во работник на паркинг сервис.

Следниот филм во кој ќе се појави Скарлет (28), ќе биде Дон Џон, во кој глуми заедно со сценаристот и режисер Џозеф Гордон Левит.

- Реклама -