Неодамна во шоуто „Кај Кели и Мајкл“ популарната aктерка Скарлет Јохансон раскажа за своите планови околу започнување на музичка кариера.
„Јас сум дел од групата One and Only Singles која ја сочинуваат неколку девојки“ – изјави таа.
Групата на Јохансон е далеку од славата и престижните награди на Spice Girls, но, сепак, таа без лажна скромност веќе ја нарекува супер – сила на музичкото небо.
Музичкиот талент актерката го демонстрираше уште на почетокот на својата актерска кариера и тоа во филмот „Изгубени во преводот“, а во 2008 година го издаде својот деби албум под наслов I Lay My Head.
Годинава нејзината песна за документарниот филм „Chasing Ice“ беше номинирана за престижниот Оскар, но сепак статуетката ја однесе Адел за „Skyfall“ .
[youtube]http://youtu.be/0lh-YPLKJo4[/youtube]
„Ова е навистина забавно, никогаш не ни помислував дека мојата нумера ќе биде номинирана за Оскар, рамо до рамо со Адел. Композиторот на музиката која ја пеев е мој драг пријател, а самиот филм е прекрасен“, изјави Јохансон.