Уругвај го сруши досегашниот и постави нов Гинисов рекорд во правење на најголемата скара на светот. Испечени се над 10 тона (поточно 10.14 тона) месо, а од тронот е симната соседна Аргентина, која скоро десет години себично го чуваше рекордот.
Скарата беше организирана во градот Минас (со 40.000 жители). Употребени се над 60 тони дрва, а месото го подготвувале повеќе од 100 готвачи.
Направени се и 4 тона руска салата, „како прилог“.
Аргентина и Уругвај си ги мерат… скарите уште од 2008 година. Аргентина победи во 2008 и 2011-та, но овојпат испече помалку месо – според комисијата, „само“ 9.16 тони. Уругвај испекол 10.14 тони.