Иако не се подготвени во секој момент јавно да кажат кое превозно средство го поседуваат, естрадните ѕвезди од нашиот северен сосед гордо позираат покрај своите „фенси“ автомобили.
Поголемиот број од нив имаат и по неколку автомобили.
Цеца Ражнатовиќ со години останува верна на ист автомобил.
Од друга страна, единствено Драгана Мирковиќ и Дара Бубамара се декларираат како обожавателки на луксузни автомобили.
Поединци од српската естрада возат автомобили кои ги рекламираат, па често и ги менуваат.
Не е тајна дека сопругот на Драгана Мирковиќ, Тони Бијелиќ кога се породила ја наградил со ново возило.
Драгана денес има неколку милиони вреден возен парк во кој го паркираат „ролс ројсот“, „ламбурџинито“, „ферарито“ и „бенлито“.
Дара Бубамара многу често ги крши сообраќајните прописи бидејќи обожава брзо возење.
Ацо Пејович минатата година издвоил 120.000 евра за нов џип Ренџ ровер дискавери кој се смета за еден од најлуксузните теренски возила.
Супер бабата, Неда Украден открила дека избира луксузни автомобили поради честите настапи по регионот. Таа вози џип мерцедес вреден над 50 илјади евра.
Сопственичката на „Гранд продукција“ Лепа Брена е многу задоволна со својот најнов автомобил. Фолк дивата важо за еден од најсовесните возачи во шоу-бизнисот.
Владо Георгиев е голем фан на ауди автомобилите и неколку години е нивен промотер.
Сека Алексиќ од сопругот Вељко за минатиот роденден добила мерцедес SLK вреден околу 100.000 евра, но тоа не ѝ е единствениот автомобил.
Желко Јоксимовиќ има добара колекција, па освен неговиот познат мерцедес лимузина автмомобил, познатиот музичар со сопругата Јована има и луксузнен бел „БМВ“.