Скандинавски бисер

Денес ќе ви претставиме еден одличен стан во центарот на Гетеборг, каде на уникатен начин се испреплетуваат камен и дрво, претворајќи го просторот во  ентериер налик на бисер.

Овој навидум голем и простран дом всушност се состои “само” од две спални и дневна со отворен план, во која е интегрирана кујната.

 

Според нас еден од најинтересните делови на живеалиштето е трпезаријата со двојна височина, веројатно изградена на местото на поранешен балкон. Овој стан е украсен во скандинавски стил, дизајн со многу бела боја, која се  поразува со неговата убавина.

 

Спалната соба е мала, но пак изгледа прилично удобно со мал прозорец, кој внесува доста светлина во просторијата, иако  нема никакви завеси, па така сонцето секогаш  разиграно им посакува на  сопствениците добро утро.

9 8 7 6 5 4 3 2 1

- Реклама -