Скандалот продолжува: Oва се осомничените за местење на Скопскиот фестивал

Композиторот и пејач Јован Јованов, менаџерот и сопственик на План Б продукција, Кристијан Стефановски, неговиот брат Игор и Борис Видески сопственик на фирмата Видекс која го организирала телевоутингот се осомничени за местење на Скопскиот фестивал, дознава Сител од полициски извори.

Кај нив, како што инфомрираше полицијата се пронајдени сим картички.

sdgdshhdshsdhsdhds

Полицијата синоќа по завршувањето на „Скопскиот фестивал“ направила претрес и запленила над 1.000 телефонски картички, под сомневање дека била направена измама со гласање.

Имено, неколку лица се повикани на траспит во полиција, како осомничени дека учевствувале во измама преку телефонско гласање.

– Откриена е група која организирано преку повеќе СИМ картички гласала за фестивалот, со што директно го оштетила буџетот на МВР, вели Иво Котески.

Во врска со скандалот биле повикани сопственици на продуценски куќи, пејачи и други лица, кај кои што биле пронајдени сим картичките.

 

- Реклама -