Скандал во Институтот за јавно здравје: Вработени плаќале по 200 евра за да бидат запишани како присутни

Околу 20-30 лица во период од 6-7 години не се појавиле на работа во Институтот за јавно здравје, а редовно примале платa. Сите биле регистрирани во системот за евиденција на работа, при што за тоа им плаќале на одредени колеги по 200 евра. Според директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска, вработените, покрај редовната плата, добивале средства и преку договори за дело, како што било полевањето на дворовите.

„Често ги посетував канцелариите и ги прашував: ‘Извинете, како можам да ви помогнам, што би можеле подобро да сработиме во иднина и како можете да бидете мотивирани за работа?’ Одговараа со нејаснотија, па дури и ми кажуваа: ‘Не знам.’ На моите инсистирања, некои од нив откриваа дека всушност не доаѓаат редовно на работа. Многумина сами решија да си заминат, бидејќи имале и други работни обврски,“ изјави Андоновска.

Прочитајте и:  Пожар во близина на Железничката станица во Скопје, изгорело запалено отпадо.

Таа истакна и дека поранешниот директор, Шабан Мемети, добивал плата над 100.000 денари, што било во спротивност со колективниот договор, а вработувал и административци без положен административен испит. Андоновска нагласи дека за овие неправилности веќе ги известила некои надлежни институции и очекува обвинителството да реагира.