Скандал: Тарантино се откажа од новиот вестерн, го изневерија пријателите

Откако некој од пријателите на Квентин Тарантино го обелодени сценариото за вестерн филмот „Hateful Eight“, во кој тој требаше да се појави како режисер, Тарантино изреволтирано се откажа од проектот.

Како што изјави тој не сака да се труди повеќе околу нешто, чии што детали и дејствија се познати.

Имено, aceshowbiz пренесува дека Тарантино им го дал сценариото за „Hateful Eight“ на шест луѓе, меѓу кои се актерите Тим Рот, Мајкл Медсен и Брус Дерн.

„Депримиран сум. Го завршив првичното сценарио и планирав да почнам да го снимам филмот наредната зима. Го дадов на шест луѓе и изгледа дека денеска некој го објавил“ , вели Квентин

„Единствениот за кој тврдам дека не го сторил ова е Тим Рот. Некој од другите го дал сценариото на својот агент и тој агент го има дадено сценариото на сите во Холивуд. Сценариото го дадов на шест луѓе и ако не можам да им верувам нив, тогаш немам никаква желба да го направам филмот“ – вели Тарантино.

На крај сепак тој додава дека сценариото ќе го објави во форма на книга.

- Реклама -