Скандал: Спречена тепачка на X factor

Дека се уште не успеал да го преболи одзмањето на водителскиот ангажман, Славко Калезиќ докажа вчера кога се обидел физички да ја нападне водителката на X factor, Ана Грубин.

За време на пробата каде настапи првиот водител тој дошол до Ана и и рекол дека мора да ја проба својата кореографија, на што водителката се обратила кај продукцјата и го замолила да се тргне од сцената. На крајот сепак се откажала и се вратила во својот апартман. Ниту во еден момент, Ана не му се обратила на Славко, туку комуницирала со членовите на продукцијата. На сите им изгледало дека ќе дојде до поголем инцидент, бидејќи Славко постојано ја провоцирал Ана, открива српскиот „Пулсонлајн“.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Кога се смириле страстите и Ана во лајв делот го најави Славко со зборовите „ Ќе го најавам од безбедна далечина“, без воопшто да го спомене неговото име, и без буквално никаков коментар после промоцијата на неговата нова песна, тој решил да ја пречека пред нејзиниот апартман каде што ја навредувал, а откако се затворила вратата тој продолжил да тропа и да вика по водителката, која во меѓувреме го повикала обезбедувањето. Наводно, тој избегал кога слушнал дека доаѓаат, додава изворот за „ Пулсонлајн“.

Медиумот ја прашал Ана, но таа не сакала да коментира.

„ Немам коментар“, рекла Ана.

- Реклама -