Скандал: Поради пушење марихуана лета од „Гранд“?

Откако Андрија Аки Марковиќ објави на социјалните мрежи на Фејсбук фото на кое пуши нешто, што многумина се сомневаат дека е марихуана, се крена голема прашина.

Гранд продукцијата вели дека ќе реагира за да се дознае вистината.

„ Не би давале никакви коментари додека не ја утврдиме витинитоста на споменатите информации, односно тоа дали младиот пејач навистина конзумира забранети супстанци. Факт е дека ние не можеме да го контролираме приватниот живот на секој поединечно, но секако можеме да влијаеме на тоа дали некој кој го крши законот ќе биде дел од нашиот тим. Нормално, неопходно е да се докаже најпрво дали е тоа така“, вели во соопштение прес службата на „Гранд“.

Од друга страна Аки вели дека станува збор за цигара.

„ Ако тоа што сум запалил цигара, значи дека пушам марихуана, тогаш веројатно бидејќи носам воени панталони, оваа фотографија е направена на воено поле во Украина. Пушев Дрина“, напиша пејачот.

aki-markovic

- Реклама -