Скалони збесна откако аргентинските новинари открија информација која тој ја криел

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони беше бесен на аргентинските новинари кои открија дека Родриго де Пол е повреден, информација која тие ја криеле.

Родриго де Пол се повредил на тренингот на Аргентина кој бил од затворен карактер. Токму затоа се чуди Скалони, како може некој од новинарите да ја дознае таа информација.
 
Селекторот на Аргентина збесна бидејќи сфати дека има некој од играчите или стручниот штаб кој им кажал на новинарите за Де Пол.
„Од каде знаете за повредата на Де Пол? Ако ми кажете кој ви кажал, јас ќе ви кажам колку е сериозна“, рече Скалони откако му беше поставено прашањето за повредениот фудбалер од страна на новинарот Родас од аргентинскиот весник „Оле“.
- Реклама -