СЈО започна предистрага за стечајот на МПМ

Специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка за пропаѓањето на некогаш најголемата медиумска компанија „Медија принт Македонија“.

На распит во СЈО беа некогашните први луѓе на МПМ, Јана Станисављева и Срѓан Керим. Според СЈО, постапката е поврзана со лажен стечај и злоупотреба на службената положба.

Со затворањето на МПМ се затворија и дневните весници „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“, магазинот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“.

- Реклама -