Блејк Лајвли се породи пред неколку месеци, а младата мајка своите облини гордо ги покажува.
Славниот пар кој е сметан за еден од најубавите во Холивуд, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, пред неколку месеци станаа родители!
27-годишната актерка го роди своето прво дете и стана мајка на преубаво девојче Џејмс. За време на конференцијата за новинарите накоја се дискутираше за нејзиниот нов филм „The Age of Adaline“, Блејк проговорила и за своите гради.
„Моите гради се прилично големи и феноменални. Тоа веројатно е најдобрата работа кога ќе станеш мајка“, рекла во шега актерката за Us Weekly.
„Тријам тартуфи на градите секој ден. Морам од мала да ја навикнам на добра храна со цел да развие префинет вкус“, се пошегувала славната убавица.
Рајан и Блејк се венчаа во 2013 година по 11 месеци врска, а славниот актер ѝ беше голема поддршка на својата сопруга во текот на целата бременост.
„Рајан е прекрасен сопруг, цело време ѝ ги масираше грбот и стопалата. Се шегува дека повеќе тоа не мора да го бара, туку го прави автоматски“, открил извор.