Ако не можете да одолеете на цела чоколада има едноставно решение. Одвиткајте ја и искршете ја на коцки пред да почнете да јадете.
Истражување покажало дека луѓето јадат помалку кога се соочени со повеќе мали порции отколку една голема порција – дури и кога двете опции содржат ист број калории. Не е сосема јасно зошто но научниците веруваат дека се работи за оптичка илузија. Мозокот и стомакот се измамени и почнуваат да мислат дека искршената чоколада е поголема од онаа што останала цела.
Слично, едно колаче би можело да изгледа позаситувачки ако е исечено на четвртини. Истражувачите од САД набљудувале над 300 студенти додека тие јаделе. Некои од студентите добиле геврек исечен на четири дела, додека другите добиле цел геврек. Дваесет минути подоцна на доброволците им бил даден уште еден оброк и им било кажано дека можат да јадат колку што сакаат.
Оние доброволци кои јаделе исечен геврек јаделе помалку и во првиот и во вториот оброк. Друго објаснување е дека исчената храна се јади побавно што му дозволува на телото да сфати дека е сито пред да дојде до прејадување. Експеримент направен со стаорци ги подржал овие резултати. Стаорците биле ослободени во лавиринг каде што една насока водела кон 30 мали парчиња храна а другата до едно големо парче со иста хранлива вредност.
Стаорците почесто го бирале патот кој водел кон 30 парчиња храна и трчале побрзо кон целта. Девина Вахера, предводник на студијата од Државниот Универзитет во Аризона, изјавила: „Сечкањето на храната полна со енергија во помали парчиња би можела да има позитивен ефект кај луѓето кои сакаат да слабеат и бараат позаситувачки оброк кој ќе овозможи контрола на порциите.“