Манчестер Сити ќе игра со Манчестер Јунајтед или Челзи во полуфиналето од ФА Купот.
Вчера беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари од ФА Купот.
Манчестер Сити кој со убедливи 5-0 го совлада Барнсли, ќе игра против подобриот од Челзи и Манчестер Јунајтед кои денес на Олд Трафорд одиграа 2-2, па ќе играат повторен натпревар.
ФА Куп 1/2 финале:
Милвол/Блекбурн – Виган
Манчестер Јунајтед/Челзи – Манчестер Сити
Натпреварите се играат на 13/14 април на Вембли.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.