Според информациите на италијанските медиуми, Манчестер Сити испратиле две различни понуди за услугите на Единсон Кавани.
Манчестер Сити и Реал Мадрид се главните кандидати за потписот на ѕвездата на Наполи, Единсон Кавани.
Информациите од Италија велат дека Сити испратил две понуди за услугите на Уругваецот.
Според Mediaset, првата понуда е 40 милиони евра плус босанскиот напаѓач Един Џеко.
Втората понуда е само парична и изнесува 55 милиони евра, осум помалку од откупната клаузула која ја има Кавани во договорот со Наполи.
Текстот е објавен во соработка со 24 Фудбал.