„Сител“: Британците со една плата покриваат 50+ сметки за струја, Македонците три пати помалку

Со една просечна плата Македонците можат да платат околу 17 сметки за струја. За споредба, платата на Британците им стигнува да платат над 50 сметки за струја, а тука некаде се и Хрватите, кои можат со една просечна плата да платат 45 сметки за струја, објави „Сител“.

Како што пренесува телевизијата, европската статистика покажува дека едно семејство просечно троши околу 360 киловат часови електрична енергија во текот на месецот. Според тоа, доколку не се греат на струја, домаќинствата во Македонија во просек плаќаат околу 1.500 денари за струја. Односно, со просечна плата од околу 26.000 денари може да се подмират 17 сметки.

Од друга страна, Британецот со 2.500 фунти приходи месечно, во просек плаќа од 35 до 50 фунти за струја, што е доволно една плата да покрие повеќе од 50 сметки. Во Хрватска, пак, просечната плата е 900 евра, а просечната сметка за струја – 20 евра.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Во Велика Британија, во категоријата домаќинства спаѓаат и микробизнисите и тие не плаќаат индустриска струја. Затоа пак бизнисот во Британија плаќа 20% данок за потрошена струја, додека домаќинствата 5%, пренесува „Сител“. Повеќе ТУКА

Намалување на ДДВ, како кај топлинската енергија каде беше намален од 18% на 5%, беше една од мерките што претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) – Марко Бислимовски, ја посочи како чекор што треба да се разгледа во насока на надминување на „оваа ситуација“ со поскапувањето на струјата. Таков чекор, посочи, би било и зголемување на субвенциите за ранливите категории на потрошувачи.

Дека Македонија всушност плаќа најскапа струја реагира и поранешниот советник на ексминистерот за финансии – Бранимир Јовановиќ. Во серија објави на Фејсбук, тој е категоричен во повиците дека одлуката за поскапување треба да се поништи:

- Реклама -