Британскиот модел Кејси Бачелор (29) големи пари заработува благодарение на своите огромни гради, но, како што вели, поради нив никогаш немала самодоверба бидејќи била исмејувана од сите.
„Поради градите секогаш бев несигурна, не верував доволно во себе. Па, веќе на 12 години имав гради, дали можете да го замислите тоа! На 15 години беа уште поголеми и во очај ја прашував мајка ми кога ќе престанат да растат“, рекла Кејси.
„На училиште сите се потсмеваа на моја сметка. На моите гради ништо не им фали, далеку од тоа, но тие се причината зошто никогаш не сум била навистина среќна. Затоа одлучив да ги намалам“, изјавила Кејси и така ги разочара армијата нејзини обожаватели.