Сите во бело на фестивал во Преспа

Се ближи летната сезона, а со неа доаѓа и еден од најзабавните летни фетивали, кој ветува целовечерно журкање на брегот во Преспа.

Организаторите на White Sensation Beach Festival најавуваат голема забава на плажа крај езерската вода, а истата ќе вклучува спектакуларен стејџ, ноќно капење, UV и White Sensation ефекти.

Вие само треба да понесете бела облека и желба да се забавувате до утринските часови.

Фестивалот ќе се одржува за прв пат летово во Преспа, на 24 јули во петок.

Повеќе детали можете да следите на нивната „Фејсбук“ страна.

11402763_1588503368090323_8885850277781738100_n

 

 

- Реклама -