По повод македонскиот национален празник Илинден денеска ќе се одржат голем број манифестации и чествувања. Делегација на Владата ќе писуствува на церемонијата на Мечкин Камен во Крушево. На оваа церемонија ќе говори премиерот Зоран Заев по што е планирана е и културно уметничка програма која ќе ја отвори ансамблот „Танец“, по кој ќе настапи КУД Емин Дураку, а програмата ќе ја затвори мешаниот хор „Крушево“.
„Сите сме деца на Илинден“ е слоганот на сите настани со кои годинава се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание ан АСНОМ.3
Централната свеченост за Денот на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што делегацијата ќе ја предводи премиерот Зоран Заев кој ќе има обраќање. Ќе биде положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, а по обраќањата ќе следува свечена културно-уметничка програма.