Многумина забележаа дека Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација, не присуствуваше на погребот на Диого Жота и неговиот брат. Двајцата tragично загинаа во сообраќајна несреќа, а нивниот погреб беше одржан денес во Гондомар.
На последниот испраќај се собраа семејството, пријателите и поранешните соиграчи на Жота, но Роналдо не беше меѓу присутните. Според информации од медиумите, Роналдо моментално е на одмор со своето семејство, каде што одмара на јахта во близина на Мајорка.
Португалските новинари изнесуваат различни шпекулации за причините поради кои Роналдо не се појавил на погребот. Некои сметаат дека како капитен, тој треба да ја преземе одговорноста и да објасни своето отсуство, а дискусии за оваа ситуација најверојатно ќе продолжат.
Диого Жота, кој имаше само 28 години, и неговиот брат Андре Силва, кој имаше 25 години, загинаа во четвртокот при неверојатно трагичен инцидент во шпанската покраина Замора. Автомобилот во кој седеле излета од патот и се зафати во пламен.