Неговите противници го опишуваат како неискусно “убаво момче” што “не е подготвено” да биде премиер на Канада.
43-годишниот Џастин Трудо сепак ги оправда големите очекувања кои му беа доделени уште од раѓање, одејќи по стапките на својот легендарен татко.
Сега тој има шанса да го врати либералното наследство на покојниот Пјер Трудо што беше под опсада во текот на 10 години при управувањето на конзервативецот Стивен Харпер.
Либералната партија на Канада на Џастин Трудо постигна импресивна победа на парламентарните избори во понеделникот, освојувајќи апсолутно мнозинство. Лидерот на либералците пак ненамерно ги освои срцата на милиони девојки во светот.
Тој е во центарот на вниманието уште од дете. Кога има едвај 4 месеци, тогашниот претседател на САД Ричард Никсон предвидува дека еден ден тоа дете ќе управува со Канада.
Татко му Пјер Трудо, архитектот на канадската верзија на Повелбата за правата, останува до денес еден од малкумината канадски политичари, познати на пошироката американска јавност.
43-годишниот поранешен наставник во средно школо, неодамна имаше долга коса, а од 3 години има тетоважа на гавран на рамото. Тој стана лидер на либералите во 2013 година. Конзервативците на Харпер го распнаа на крст за време на кампањата, но Трудо сепак стана олицетворение на желбата за промена со својот момчешки изглед.
Во своите мемоари Џастин го опишува своето тешко детство. Мајка му Маргарет имала само 22 години кога се омажила за 51-годишниот премиер во 1971 година. Двојката се здобива со тројца синови, но се разделува кога Џастин има 6 години.
Тој и неговите двајца браќа се одгледани од татка си. Мајка им се бори со депресијата, особено по смртта на својот син Мишел, брат на Џастин, при пад во 1998 година.
Трудо кој ќе стане вториот најголем млад премиер на Канада во историјата има три деца.
“Сакам да им кажам на пријателите на оваа земја во целиот свет – многу од вас се загрижени дека Канада го беше загубила својот внимателен и конструктивен глас во светот во последните 10 години”, рече Трудо на митингот по убедливата победа.” Од името на 35 милиони Канаѓани – ние се враќаме”, категоричен беше тој.