Иако со невиден скептицизам фановите на „Војна на ѕвездите“, гледаат на најновиот Star Wars проект во режија на „Џеј Џеј“ Абрамс што умее да искака во најголем број од случаите, сепак ретко кој ја пропушти можноста да им каже на другарчињата на Фејсбук дека е фан на легендарниот серијал.
Имено, социјалната мрежа Facebook воведе опција која овозможува да се украси профилната слика во очекување на новиот филм. Секој кој сака, има можност да додаде светлосен меч на својата профилна слика, при тоа со само неколку клика.
“Разбудете ја моќта во себе, додавајќи го светлосниот меч во својата профилот слика”, гласи пораката.
За среќа, можете да ставите и црвен меч, а и не морате да ставате никаков меч, бидете си само фан и секако не очекувајте премногу од новата „Војна на ѕвездите“. Подобро мали очекувања и пријатно изненадување отколку големи очекувања и уште поголемо разочарување.