Сите рекорди и резултати на Лиа Томас поништени

Трансродовите спортисти сè повеќе се забележуваат во светот на спортот, а едно од најпознатите имиња е пливачката Лиа Томас.

Универзитетот во Пенсилванија неодамна објави дека ќе ги поништи сите резултати и рекорди на Лиа Томас, како и дека ќе се извини на спортистките кои биле ставени во незгодна положба поради нејзиното учество.

Оваа одлука е резултат на спогодба со Министерството за образование на САД, и доаѓа по неколкумесечна федерална истрага. Истражувањето утврди дека универзитетот ја прекршил одредбата од Законот IX, кој забранува полова дискриминација. Исто така, според новите правила, универзитетот ќе инсистира на биолошката дефиниција на полот во спортот, дозволувајќи ѝ на Томас да се натпреварува во женска категорија.

Како дел од спогодбата, универзитетот се согласил да им врати на спортистите кој ги загубиле своите титули и рекорди поради учеството на Томас, а секоја од нив ќе добие и лично писмо со извинување.

Исто така, универзитетот објави официјална изјава во која потврдува дека во иднина нема да дозволи мажи да учествуваат во женски спортски програми или да користат женски спортски објекти, и дека дефинициите на полот ќе се базираат исклучиво на биолошките карактеристики.