Солената морска вода е вистински благотворна за нашиот организам. Затоа, на летните одмори треба да гледате како на некој вид спа-третман, по кој ќе се вратите со сјајна кожа и коса и ослободени од стресот и другите симптоми кои сте ги имале.
Производителите на козметика, но и производителите на медицински препарати, одамна ја користат добробитта на ваквата комбинација. Еве што сé можете да извлечете од морската сол и водата.
– Ублажување на болестите на дишните патишта
Солената вода помага при надразнетоста на слузницата на носот или шмркањето, при алергиски реакции или настинка, и ги ублажува болестите на респираторниот систем воопшто. Земете малку чиста морска вода со споени дланки, навалете ја главата на едната страна и шмркнете малку од водата во едната ноздра, повторувајќи го процесот и со другата. Солта од водата ќе пече, но ја дезинфикува носната шуплина.
– Секрет
За жените кои боледуваат од воспаление или имаат поинтензивен вагинален секрет, се препорачува испирање со морска вода. Најдобро е да се капете далеку од јавните плажи, каде што морето е најчисто.
– Проширени вени
Влезете во вода до половината на бедрата и „пешачете“ низ плиткото околу половина час, најмалку два пати дневно. Движењето во водата има сличен ефект како масажа, а нејзиното дејство ги затегнува и појачува вените.
– Артроза и реума
Наполнете ја кадата со топла вода во која сте ставиле два килограми морска сол (или помала количина ако се работи за сол од Мртво Море). Откако ќе поминете отприлика 20 минути опуштајќи се во водата, легнете во кревет и дремнете. Топлата солена вода е одлична терапија за болните зглобови.
– Рехабилитација
Заради поголемата специфична тежина, морската вода овозможува полесно движење, па полесни и побезболни се и движењата при скршеници на коските или болести на мускулите и зглобовите. Паралелно, и ефектот на самата рехабилитација е поголем.
– Целулит
Заради солената содржина во концентрација од 35 гр. по литар, морската сол ја олеснува осмозата на поткожните водени пликови, па го забрзува ослободувањето од течности и целулит.
– Акни и дерматоза
Комбинацијата на морска вода и миризливиот солен воздух е совршен антибактериски мелем. Помага при зараснување на раните, ја чисти кожата од акни и помага при разни видови дерматоза и псоријаза.
– Нега на кожата
Морската вода е најдобар пријател на убавината – ја зацврстува кожата, ја обновува и ја прави поглатка.
– Стрес
Самото капење опушта, а капењето во морска вода ни помага да ги исфрлиме сите „отрови“ од телото кои се таложат таму како последица на современиот живот.