Сите модели на британскиот производител на спортски автомобили McLaren Automotive ќе станат хибриди. Тоа треба да се случи најдоцна за 10 години – односно до 2025 година, вети шефот на компанија Мајк Флуит.
За хибридизација на палетата на McLaren се зборува уште од средината на минатата година, но тогаш се тврдеше дека новиот тренд ќе влијае на не повеќе од 50% од моделите на марката. Според Флуит сепак само целосна транзиција кон хибридни автомобили ќе и помогне на компанијата да одговари на се построгите еколошки барања. Шефот на McLaren не ја отфрли можноста за уште поактивно наметнување на „даунсајзингот“. Ова ќе влијае сегашниот 3,8-литарски V8 мотор на брендот, да биде заменет од V6 со помал обем. Истовремено со тоа ќе се зголеми улогата која ќе ја играат електромоторите кај погонски агрегати.
Уште во март оваа година, на салонот во Женева, компанијата McLaren ќе го претстави наследникот на моделот 650S. Иако гласините беа дека тој нема да добие хибриден мотор, сепак ќе видиме и ваква изведба. Покрај тоа Британците предвидуваат и изградба на целосно електричен спортски модел?!