Некои ги имавме повеќе, некои ги имавме помалку, ама подеднакво ни се драги, зашто си се наши. Особено постарите македонски банкноти, кои со себе носат едно фино чувство на носталгија за едно време кога можеби политичките гарнитури и квалитетот на живот не беа подобри/полоши, ама ние бевме помлади. И особено во едно вака фино скоцкано видео со прекрасната мелодија на „Јаболко и Девојка“ на Иван Терзиев.