Сите лица на Џаред Лето: Од слаб трансексуалец до дебел убиец

Оскаровецот Џаред Лето има многу таленти, преку пеење и водење на успешен бенд, до фантастична глума во бројни филмови.
Screenshot_17

Лето, исто така, е познат и по тоа што не се штеди кога станува збор за подготовка за одредена улога, па така низ годините можеме да ги видиме неговите неверојатни трансформации за потребите на различните улоги.

Тој за улогата на трансексуалецот во филмот „Dallas buyers club“ ја доби престижната награда Оскар, а за да биде што поуверлив тој бил под екстремна диета и ослабел дури 40 килограми.

Но, тоа не е првиот пат Лето поради една улога да варира со својата телесна тежина, всушност тој за потребите на филмот за убиството на Џон Ленон, направил значително зголемување на тежината, со цел подобро да ја изрази улогата на Марк Чепмен, убиецот на пејачот.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Несомнено е дека Лето има уште многу повеќе да постигне во актерскиот свет, но неговата посветеност во работата која ја прави е восхитувачка.

- Реклама -