Сите карактеристики на iPhone 6

Можеби сте забележале дека уште од минатата година повремено на Интернет се појавуваат најразлични гласини поврзани со Apple iPhone 6. Овој пат своја гласина одлучи да пушти и KDB Daewoo Securities – најголемата корејска брокерска инвестициска компанија. Патем, експертите на оваа компанија порано постојано соопштуваа детали и за голем број други високо-технолошки уреди, уште пред нивното официјално промовирање.

Според KDB Daewoo Securities, Apple навистина оваа година ќе претстави дури 2 смартфони. Првиот ќе се вика iPhone 6 со екран од 4.7-4.8 инчи и со резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Вториот ќе биде таблет-фон со 5,5-инчен екран и резолуција од 2272 x 1280 пиксели.

И двата уреди ќе се продаваат со 16, 32 и 64 GB внатрешна меморија, 2 GB RAM меморија, 8 мегапикселна предна и 3,2 мегапикселна задна камера. Познато е исто така дека iPhone 6 ќе има нов 64-битен A8 процесор.

Според аналитичарите на KDB Daewoo Securities, телефоните нема да имаат iOS 8, а ќе работат под управувањето на iOS 7.2 со незначителни промени во споредба со моменталната верзија. Се очекува дека најавата и претставувањето на новиот смартфон на Apple ќе се одржи во вториот или третиот квартал на оваа година.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -