Човечкото тело е неверојатно комплексно и е способно на многу повеќе отколку што сме свесни дека можеме. Еве 20 неверојатни факти што ја доловуваат необичноста на неговото функционирање и се доказ дека секој од нас поседува супер-моќи:
- Ако го искорнете од градите, срцето ќе продолжи да работи уште некој момент, а тоа се должи на неговиот сопствен систем што му овозможува да прима кислород ако е изложено на воздух.
- Желудочната киселина е толку силна што слузокожата на желудникот во потполност се обновува на секои 3-4 дена.
- Киваме со брзина од 160 километри на час.
- Човековите крвни садови имаат вкупна должина од 95.560 километри, што е речиси два и пол пати повеќе од должината на Земјиниот екватор.
- Човечкото срце, дневно, произведува толку енергија колку што троши еден камион за да помине 30 километри.
- Ако се собере енергијата што срцето ја произведува во текот на животот, истиот камион би можел да патува до Месечината и назад.
- Човековата кожа, во текот на 70 години (просечен човечки живот), отфрла доволно мртви клетки од кои би можел да се состави комплетно нов човек од 47 килограми.
- Во текот на животот, човекот произведува доволно плунка за да може да се наполнат два базена.
- Покрај петте познати човечки сетила, луѓето имаат и уште едно метасетило, наречено проприоцепција. Се работи за комбинација од свеста на умот за движењето на мускулите и чувството за положбата, обликот и големината на деловите на телото. Благодарение на ова метасетило, можеме да допреме било кој дел од своето тело и без да го гледаме.
- Кога човечкото око би било камера, би имало резолуција од 576 мегапиксели. За споредба, камерата со највисока резолуција има 80 мегапиксели и чини 34.000 долари.
- За еден час, телото произведува 180 милиони црвени крвни зрнца (еритроцити).
- Ако во текот на бременоста, мајката повреди еден од внатрешните органи, бебето од материцата „ја снабдува“ со матични клетки за поправка.
- Во човековиот папок, научниците имаат најдено 1.458 нови видови бактерии.
- Човекот може да го ресетира сопствениот дневен „биолошки часовник“ (ритамот на спиење) ако впери светло во задниот дел од колената.
- Човекот може да преживее и до 2 месеца без храна.
- Рецепторите за вкус се наоѓаат не само на јазикот, туку и на стомакот, цревата, панкреасот, плуќата, анусот, тестисите и мозокот.
- Едно од објаснувањата на фобиите смета дека тие стравови се всушност наследени сеќавања преку гените од нашите предци.
- Човечкиот мозок е способен да извршува задачи дури и кога е во РЕМ фазата – на пример, да чуе и научи нова музичка мелодија.
- Научно е докажано дека дури и мала доза на чувство на моќ влијае на промените во мозокот.
- Ако намерно направите фацијален израз кој имитира некаква емоција, ќе почнете таа емоција и да ја чувствувате.