Сите диети се исти

Сите диети  даваат слични резултати и луѓето треба да ја почитуваат онаа која која што најмногу им се допаѓа, соопштија БиБиСи , повикувајќи се на канадски научници.

Екипата од Институтот за истражување на детските болести во Торонто и Универзитетот Макмастер во Хамилтон, Онтарио, анализира податоци од 48 истражувања, опфаќајќи  вкупно 7286 диети. Заклучокот е дека е важно почитувањето на диета, а не каква е таа.

Сите диети ги ограничуваат калориите во еднакво количество – околу 1.500 на ден, со тоа што препорачуваат јадење во одредено време и избегнување на бисквити, слатки, чоколадо. Ова може да ги објасни и сличните резултати.

Најмногу  ослабеле луѓето на нискојаглехидратна диета или подложени на диета речиси без масти.

Меѓутоа, разликата е незначителна и затоа е најважно истата да одговара на начинот на живот, за да биде полесно придржувањето кон неа.

Истражувањето не  разгледува други показатели како нивото на холестерол, кое што може да варира во зависност од диетата.

0380005001380618293_48152_600x458

- Реклама -