Сите детали околу iPad 5 кој е најавен за септември!

Петтата генерација на iPad (или iPad 5, ако така повеќе сакате) дефинитивно доаѓа кон крајот на оваа година!

Она што е малку потешко да се предвиди е точниот датум на лансирањето, но доколку овие гласини се покажат точни, веќе од Септември можеме да очекуваме дека Apple ќе го најави најновиот модел од овие исконски таблети. Според DigiTimes, пробниот период и продукција за iPad 5 започнува наскоро, а наскоро започнува и со произведувањето кое е закажано за Август.

Се очекува две до три милиони единици да бидат испратени низ светот веќе од Септември. Исто така се говори дека петтата генерација ќе остане со истиот Retina екран со резолуција од 2048 х 1536 пиксели, а интересно е и да се напомене дека се очекува тој да тежи помалку од 0.45 килограми.

[youtube]http://youtu.be/R_dYmi73g5I[/youtube]

 

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -