Се проценува дека секоја година, од удар на гром, умираат по 30 луѓе. Една компанија, сепак, тврди дека нивниот систем ја намалува таа бројка до нула. Thor Guard ги предвидува молњите пред да имаат шанса да ја погодат земјата.
Молњите одамна се сметаат за еден од најпроизволните и најнепредвидливи атмосферски феномени. Па така ни Thor Guard не може со сигурност да ги извести корисниците за тоа каде и кога точно ќе удри гром, но затоа може да утврди и испрати предупредувачки сигнали (звучни или светлосни) секогаш кога одредена зона е под непосреден ризик за удар од гром.
Системот може да предвиди смртоносни грмотевици и кога се појавуваат од (буквално) ведро небо, кога нема облаци. Сето тоа го постигнува со мерење на електростатичките празнења во атмосферата и земјата.
Од Thor Guard велат дека го усовршуваат системот за да предвидува и торнада. Торнадата исто така создаваат необичен електростатичен образец додека се приближуваат, па технологијата еден ден ќе биде способна да предвидува слични други стихии во далечината, дури и кога не се целосно оформени.
Во моментов технологијата се користи од авиокомпании, национални паркови, јавни универзитети и сл.
Вака изгледа на дело: