Visual-Literacy.org претставува онлајн туторијал за тоа како податоците, апстрактните мисли и концептите може графички да се презентираат за полесно да бидат совладани. Еден од нивните дидактички проекти е извонредниот периодичен систем на методи за визуелизација, каде поминувањето со маус преку полињата отвара пример на избраната техника. Прилично оригинална и поучна идеја! [Periodic Table]